СДСМ: Оваа Влада поставува институционална соработка со дијаспората

Од:

„За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога дијаспората се злоупотребуваше за теснопартиски интереси, Владата предводена од СДСМ за првпат поставува институционален и системски пристап кон прашањето на дијаспората, преку поставување на министер кој е задолжен за дијаспора.

Дополнително, со вклученост на сите засегнати страни, во моментот се гради Национална стратегија за соработка со дијаспората базирана на институционална соработка и во која еден од главните сегменти е посветен на економскиот развој,

Владата предводена од СДСМ го разбира значањето на дијаспората не само во економска, туку и во културна, општествена и која било друга смисла и затоа преку своето делување ја зајакнува соработката со дијаспората.

Заврши времето на поделби и манипулација со иселениците, што беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија оди напред преку политиките на пријателство, меѓусебно почитување и соработка воспоставени од Владата предводена од СДСМ, а дијаспората останува значаен дел од процесот на градење на Македонија како развиена држава и едно општество за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел