СДСМ: Ова е тажно – Oбвинителството е обичен инструмент за власта

Од:

Обвинителството се претвори во партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ. Тажно е да се гледа како Јавното обвинителство кое наводно требаше да биде ослободено од прангите на политиката се претвора во обичен инструмент на ВМРО-ДПМНЕ во нивната ПР стратегија, реагираа попладнево од СДСМ.

– Денешното отфрлање на кривичните пријави против Директорот на АНБ Бојан Христовски во најмала рака е несериозно, тенденциозно и политички мотивирано, особено поради фактот што веќе постојат најмалку четири пресуди од кои една за директорката на Дебарската болница, како и за директорки на две училишта кои признаа дека ТОЕФЛ сертификатот кои го добиле од јазичното студио „Јулија“ биле фалсификувани.

Трагично е да се чита соопштението на Јавното обвинителство во кое се обидуваат да го оправдуваат незаконското назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ со образложение дека „не добиле правна помош од Бугарија“. Како е можно истото јавно обвинителство да обезбеди докази во шест други предмети, но не и во случајот за Бојан Христовски?

Како е можно Коцевски од најлош и најкорумпиран обвинител, одненадеж да стане најдобриот обвинител?

Селективноста на правдата е одлика и политички потпис на ВМРО-ДПМНЕ од времето на поставување на судии и обвинители од тефтерчето на Гордана Јанкуловска, Никола Груевски и Михајло Маневски.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, правда нема и не може да има. ВМРО-ДПМНЕ функционира по системот „кадија те тужи, кадија те суди“ со претходно напишани одлуки во Белата палата – стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус