А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Откупот на пченицата се одвива непречено

by А1он09/07/2019 - 16:58220
Share0

Нов ден, нова лажна вест, нова потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е очајна, нема план, нема програма, не нуди ништо ново освен ширење невистини, реагира СДСМ на изјавата за медиуми на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Добивај вести на вибер

„Денеска уште една лажна вест од белиот дворец е ескпресно институционално демантирана.

Како што јавно соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, откупната цена на пченицата се движи од 9 до 10 денари за килограм, во зависност од класата на пченицата, а се очекува цената да расте со оглед на тоа дека е почеток на жетва на пченицата.

Истовремено, според првичните проценки оваа година се очекува производство од пченица да се зголеми за околу 4% во однос на 2017 година, што е уште доказ за зголемената конкурентност на земјоделското производство.

Времето кога земјоделците беа игнорирани и заборавени заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес, Владата предводена од СДСМ во соработка со надлежното Министерство за земјоделство, водостапнство и шумартство гради партнерски однос со земјоделците и носи мерки и политики што го унапредуваат земјоделството.

Наместо лажни вести и лицемерие, ВМРО-ДПМНЕ нека гледа и учи што значи вистинска грижа за земјоделците.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 12:40

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 10:4727/12/2025 - 11:12

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

Горан Наумовски24/12/2025 - 12:15

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски24/12/2025 - 11:0824/12/2025 - 11:43

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

Горан Наумовски24/12/2025 - 09:42

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски24/12/2025 - 08:4524/12/2025 - 09:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен