СДСМ: Откога Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се на власт сметките за струја се повисоки за околу 75%

Од:

„За првите 6 месеци од 2014 година, увозот на струја во Македонија изнесува околу 40 проценти. Или, граѓаните на Македонија платиле околу 250 милиони евра за увезена струја!

ЕЛЕМ ја заврши 2013 година со рекордно ниско производство од 5100 GWh, што е незапамтено, а производството и во 2014 година е катастрофално и ќе биде приближно исто со претходните години.

Ако ВМРО-ДПМНЕ реализирале толку инвестиции, како се случуваат овие поразувачки бројки?

Катастрофалните енергетски политики на власта на Никола Груевски се одразуваат  директно врз граѓаните, кои од кога Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се на власт, немаат евтина тарифа на струјата и плаќаат повисоки сметки за струја за околу 75 проценти.

СДСМ дополнително прашува во кое својство зборуваше генералниот директор на ЕЛЕМ, Бошковски од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ?

Прво, партијата ВМРО-ДПМНЕ, Владата и ЕЛЕМ не се сестрински компании.

Второ, Бошковски има менаџерски договор повеќе од една година, а денеска од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за 100 дена Влада“, се вели во реакцијата на СДСМ на на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.  

 

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час