СДСМ: Освен заложник на Апасиев, Мицкоски е политичар со најмногу промашени изјави

Од:

„Христијан Мицкоски, заложникот на Апасиев е политичар со најмногу промашени изјави, политичар без став и визија на кој не може да му се верува. Мицкоски, тврдеше дека до крајот на јануари ќе има 61 пратеник за распуштање на Собранието, дека се вршат притисоци врз пратениците“, соопшти СДСМ.

„Мицкоски нема 61 пратеник, нема распуштање на Собранието, туку парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес, како што се случи и пред една година, кога најавуваше дека има парламентарно мнозинство.

Од друга страна, Христијан Мицкоски покажа целосно непознавање за енергетиката.

Мицкоски ширеше паника кај граѓаните, дека за оваа зима нема да има доволно електрична енергија и енергенси, дека ќе има рестрикции, дека цената на електрична енергија драстично ќе се зголеми.

Денес, за првпат во 70 години, со полн капацитет работат сите енергетски постројки во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите. За прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.

Цената на струјата е намалена за 20 отсто, за околу 70.000 мали компании, што се на регулираниот пазар, а 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

Мицкоски го лажеше народот дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следи асимилација и бугаризација, лажеше дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект, дека нема да започнеме преговори со ЕУ.

Преговорите започнаа и тоа со заштитен идентитет и јазик. На Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев, не може да му се верува, се што кажа промаши“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион