СДСМ: Оправдувањето за сечењето со кириите е дефокусирање од газењето на волјата на народот

Од:

СДСМ ги потсетува премиерот Груевски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски дека се должни на граѓаните да им ја соопштат информацијата со чиј потпис е соголен паркот кај Бристол.

Очекуваме од премиерот да собере храброст и лично да ја објасни насилна сеча, во недела во три наутро, со полициска асистенција.

Власта е таа што ја спроведе акцијата и ги вознемири граѓаните.

Наводните анализи на партиски агенции што треба да го оправдаат бруталното и арогантно спроведување на интересите и волјата на власта, наводните договори што ги покажуваат за кирии на Советот за радио дифузија, се дефокусирање од суштината, дека власта со сила ја покази волјата на народот.

Оттаму, за СДСМ е разбирлива големата нервоза и паника кај ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак, повикуваме, владејачката партија и премиерот, како што би постапила секоја одговорна власт, да покажат почит кон јавноста која е гласна во осудата, да излезат и да им објаснат на граѓаните зошто за барокна зграда жртвуваа Спомен парк.
Најсовремени нови паркови, илјадници нови дрвја, нема да го вратат уништениот Спомен парк за жртвите од земјотресот.

Премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ најмалку што можат да направат е да им се извинат на граѓаните.

СДСМ не е против нова зграда за Советот за радио дифузија која што може да биде лоцирана во кој било друг дел од градот.

Но СДСМ категорично се спротивставува на непочитување на историјата и на луксузирања во време на сиромаштија.

Оправдувањата дека Советот за радиодифузија ќе добие своја зграда наместо да плаќа кирии или банализирањата дека биле пресечени “само“ 5 дрвја ја покажува несовесноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!