СДСМ Охрид: ВМРО-ДПМНЕ по трет пат ги ветува истите проекти

Од:

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ по трет пат ги ветува истите проекти за Охрид, што ги ветуваше и на минатите локални избори. Пред 4 години ВМРО-ДПМНЕ вети преродба и забрзан развој на Охрид, но не реализира ниту еден од ветените приоритетни проекти.

Нема нова современа автобуска станица, нема затворен базен за пливање, нема модерно градско пристаниште, нема покриен современ зелен пазар, нема дом за стари лица, нема индустриска развојна зона, нема ниту една катна гаража, ниту еден нов водоводен систем, ниту една нова пречистителна станица, нема скијачки центар на Галичица, нема експресен пат до Пештани и Св. Наум, го нема туристичкиот комплекс на Субрата Рој, ги нема луксузните хотели…

Како и секогаш пред избори, така и овојпат ВМРО-ДПМНЕ повторно најавува изградба на истите објекти. Тоа што се случи со изградбата на базенот и автобуската станица, истото ќе се случи и сега, со најавената изградба на современиот зелен пазар – ќе го раскопаат местото, ќе фрлат темели, ќе се сликаат за медиуми, ќе дадат изјави, ќе ја заградат локацијата и веќе наредниот ден ќе го заборават даденото ветување. Наместо базен, автобуска станица и развојна зона, денес на тие места се‘ уште зјапаат огромни дупки во напуштени и запустени градилишта.

Граѓаните точно знаат дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за охриѓани, туку напротив, серизоно го загрози нашето природно, културно и историско наследство – и на Плаошник, и Горица, и Студенчишта, и во Љубаништа, и Св. Наум. Поради нестручно, несовесно и неодговорно однесување на надлежните државни институции доведен е под знак прашање статусот на охридскиот регион што е под заштита на УНЕСКО. Заштитениот статус на Охридското Езеро е серизоно загрозен поради виртуелните нереални и штетни мегаломански проекти за медитерански плажи, зимски центри, монденски марини, аеродроми на вода и парапетчиња околу езерото.

Поради “дил ориентид“ политиките во бизнисот со електричната енергија на власта на ВМРО-ДПМНЕ, нивото на водата во езерото во неколку наврати се спушти далеку под законскиот минимум. Поради несовесноста на луѓето од власта, во изминатите денови нашето најзначајно природно наследство беше доведено во сериозна опасност.

Наголемо ветуваната економска преродба и економски развој на Охрид се претворија во економска стагнација на градот и најголемо иселување на млади образовани луѓе. Во последните 10 години, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, од Охрид се иселени преку 7 илјади луѓе, што значи дека просечно од нашиот град секој ден си заминуваат по двајца наши сограѓани.

Затоа, крајно време е оваа ненародна и режимска власт да си замине. СДСМ има План за живот во Македонија, за младите да останат овде, а тие што заминаа да се вратат. Охрид заслужува да биде град на младоста, град на надежта, град на иднината. Охрид заслужува да биде на листата на заштитени подрачја од УНЕСКО, како главен центар на нашето природно, културно и историско наследство“ рече Мишел Наумоски, портпарол на ОО СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски