СДСМ Охрид продолжува со протестите

Од:

Со поддршка од коалиционите партнери СДСМ во Охрид пред споменикот на Свети Кирил и Методиј ги продолжи протестите, на кој што присуствуваа неколку стотина граѓани.

Меѓу присутните беше и претседателот на ОК на ВМРО-НП во Охрид, Ванчо Костовски предупреди дека власта подготвува ликвидација на еден од најголемите македонски загубари и поранешен гигант фабриката ЕМО, и оти тоа било одложено заради престојните избори во Македонија.

Тој ги потсети присутните на ветувањата како што рече на Груевски пред 6 години кој ветил фабрика за автогалантерија во која требало да се вработат 1000 луѓе, а која никаде ја нема.

Долгогодишниот новинар и поранешен претседател на ЗНМ во Охрид, Борис Ѓеорѓиевски рече дека е огорчен од она што се случува во Македонија и од последниот случај на исфрлување на новинари од македонското Собрание.

„Она што најповеќе ме загрижува е таа разединетост меѓу новинарите во Македонија. Ми се чини дека сегашната власт игра на таа карта, да се разедини тоа новинарско ткиво, и врз таа основа и понатаму ќе ја гради својата политика“, рече Ѓеорѓиевски.

„Новинарите не се само седма сила туку тие се и совест на ошптеството. Ако нив ги замолчат и ги купат тогаш ова општество ќе биде без совест и без морал. Сакам да кажам и да ја пофалам постапката на писателот Димитар Башовски кој како поддршка на новинарите го напушти Друштвото на писателите на Македонија.

– Тоа е за почит и тоа е за поздравување. Ние како опозиција на власта и одговараме дека ова нема да помине, бидејки ние имаме историска обврска да го браниме Уставот и Парламентарната демократија во Република Македонија. Опозициијата е подготвена до крај да се бори за вистината“, рече Митре Вељановски пратеник на СДСМ

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски