СДСМ Охрид: Општинската администрација е присилена да излегува на протести

Од:

„Додека општинската администрација секојдневно трпи закани и уцени и е присилена да излегува на протести во одбрана на криминалите на ракводството на ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески и нивните блиски соработници од општинските сектори на општински трошок прават екскурзии низ Европа.

Поведени од примерот на нивниот лидер Груевски, првите луѓе на Општина Охрид заминуваат од државата, а ги присилуваат вработените секојдневно да излегуваат на протести, лажејќи ги за некакви платформи и федерализации.

Ваквото дрско и самоволно однесување на Бакрачески и соработниците уште еднаш докажува дека тие немаат ниту миниум грижа за потребите на граѓаните, туку единствено гледаат како да искористат што поголем личен бенефит за краткото време кое им преостанува како локална власт.

По промените на централната власт, наскоро следуваат промени и на локално ниво. Охрид ќе добие одговорна локална власт која нема да ги малтретира и понижува граѓаните, туку ќе работи исклучиво во нивен интерес“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски