СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДС не запира со злоупотреби. Институциите каде се власт на локално ниво им служат како партиски штабови, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица Жан Дрвошанов.

– Имаме фотографии и видеа од пред неколку дена, кои сега преку свиркач, од незадоволен член на СДС стигнаа до нас и од овие фотографии се гледа како СДС злоупотребува училиште за партиски активности. Јасно се гледа како училница е претворена во штаб, и како училиштето е специјално отворено за СДС во доцните ноќни часови. Оваа злоупотреба не може да се случи без дозвола на директорот на училиштето и градоначалникот Костадин Костадинов. Ги прашуваме Филипче и Костадинов, дали е ова демократија, и дали за ова се борат? За државниот имот да биде партиски и во партиска функција, вели Дрвошанов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски