СДСМ: Однесувањето на Христијан Мицкоски е кукавичко

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија еден ден по референдумот преку соопштение испрати честитка до граѓаните и институциите коишто вчера спроведоа мирен, демократски референдумски ден.

Волјата на граѓаните е јасно изразена и порачува дека иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ, велат од партијата.

Од СДСМ додаваат дека над 666 000 граѓани гласаа на референдумот покажувајќи ја демократската зрелост.

„Во огромното мнозинство, над 605 000 граѓани, или над 91% од граѓаните гласаа „ЗА“. Покрај кукавичкото однесување на Христијан Мицкоски и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои отворено спроведуваа бојкот, и членови и пратеници на оваа партија излегоа и гласаа по своја волја. Она што е важно за најважната демократска алатка, граѓаните излегоа слободно и без притисоци и по сопствено убедување гласаа, во огромно мнозинство „ЗА“ европска Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.

Сега, кога има јасно изразена мнозинска волја на граѓаните, на ред се пратениците во Собранието да го следат гласот на мнозинството со цел да се забрзаат процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО, се наведува во соопштението.

Сите пратеници, сите политички партии мора националните и државни интереси да ги стават над дневната политика и над партиските и лични интереси, бидејќи, како што додаваат од СДСМ, иднината на Македонија и нејзините граѓани е пред сè и над сè.

Доколку не се случи тоа, единствена демократска алатка што преостанува е распишување на предвремени парламентарни избори, со цел да се запазат сите рокови за спроведување на Договорот со Грција, додаваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеколото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски