СДСМ: Од каде знае ВМРО-ДПМНЕ кој кандидат колку поени има, кога полагањата во Академијата за судии и јавни обвинители се водат под шифра?

Од:

Од каде знае ВМРО-ДПМНЕ кој кандидат колку поени има, кога полагањата во Академијата за судии и јавни обвинители се водат под шифра?, прашува СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во паника од правдата и реформите и зајанувањето на правната држава, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со ширење лажни вести и манипулации, овој пат поврзани со Академијата за судии и ајвни обвинители.

Наместо да контруира непостоечки случаи и заговори, Димче Арсовски и ВМРО-ДПМНЕ да објаснат од каде им се информациите кој кандидат колку поени има освоено, кога полагањата се заведени под шифра?

Дали во ВМРО-ДПМНЕ имаат информации кој кандидат под која шифра полага?

Истовремено, полагањата се одржуваат неколку денови по ред а не само еден ден.

Арсовски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат од каде им се информациите кој кандидат кога полага, бидејќи и списоците за полагање се со шифра?

Не минува ден а од белиот дворец да не се пласираат лаги, манипулации и непостоечки случаи.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се насочени единствено во одбрана на криминалот и попречување на правдата и затоа јасна е безидејноста во белиот дворец.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот