(ВИДЕО) Арсовски: Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители, кои претходно самите си ги одбрале во канцеларии

Од:

„Во овој момент, додека се држи оваа прес конференција се случува еден од најголемите скандали во историјата на македонското правосудство. По рецептот на Владите на СДСМ од 90-тите години, кога се избираа по 500 судии во еден ден, актуелниот конкурс за избор на кандидати за судии и обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители е под директна контрола на двоецот Заев – Рашковски. Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители, кои претходно самите си ги одбрале во канцеларии.

Со доаѓањето на власт на Владата на СДСМ електронското полагање на испити е префрлено во просториите на Правниот факултет во Скопје, каде што во овој момент полагаат потенцијалните кандидати за судии и јавни обвинители. Истиот тој факултет е поранешното работно место на генералниот секретар на владата. Фирмата која го спроведува ова полагање е поврзана со двоецот од владата Заев – Рашковски“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според информациите на ВМРО-ДПМНЕ, двоецот Заев – Рашковски преку системитизирана методологија влијае врз електронските резултати на кандидатите, а во текот на вчерашниот ден неколку лица директно поврзани со Заев, Рашковски и СДСМ оствариле нетипично високи резултати. Толку високи резултати досега не се постигнати откако постои Академијата.

Затоа го повикуваме Рашковски, го повикуваме и Заев да одговорат, а конкретно Рашковски дали бил и што правел на Правниот факултет, во текот на неговото работно време во Владата, токму во моментот кога полагале кандидатите блиски до него и СДСМ?

Министерката за правда, Рената Дескоска треба веднаш да одговори дали е свесна што се случува во нејзиниот ресор? Дали е свесна дека една од ретките светли точки на македонското правосудство пред Европските институции има селективен процес воден од кадровската Комисија на СДСМ? Дали е свесна министерката Дескоска за се погласните информации за земено мито за обезбедување на високи резултати од страна на двоецот Заев – Рашковски?

Бараме итна реакција од јавното обвинителство, кое по допрен глас треба уште веднаш да изврши електронска форензика и да испита како се постигнати историски високи резултати на тестовите од лицата кои се директно поврзани со двоецот Заев – Рашковски и со СДСМ.

Русковска обвинителството и Кацарска судството добиваат свое продолжение, и тоа со директна вмешаност на познатиот двоец Заев – Рашковски, и затоа одговорност мора да има за ова, и мора да има час поскоро! А, обвинителството да си ја заврши својата работа во врска со овој скандал“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски