СДСМ: Очигледна е паниката кај Милошоски и Мицкоски од Законот за Јавно обвинителство

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа под закана.

Токму неовластено снимениот разговор покажува зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство – покажува како со него се надминува одлуката на Врховен суд. Со Законот овозможивме сите предмети да добијат правна разрешница врз основа на обезбедените докази“, велат од СДСМ.

„Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази.

Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен. Затоа е паниката кај Милошоски, затоа е паниката во белиот дворец.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија која под режим ја држеше државата и граѓаните, партија – симбол на криминалот и корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски, а управувана од Груевски се заканува дека ќе го врати назад режимот, а државата назад во изолација. Но тој филм нема да го гледаат, на 12 април граѓаните ќе порачаат режим никогаш повеќе!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он