СДСМ: Очигледна е паниката и нервозата во ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните го препознаваат вистинскиот претседател

Од:

Разбирлива е нервозата и паниката на ВМРО ДПМНЕ од кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија, реагираа преку соопштение од СДСМ на прес-конференцијата на портпролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„На државата и на граѓаните не им е потребен нов партиски послушник, не им е потребен нов Ѓорге Иванов кој ќе работи спротивно на националните и државни интереси.

На граѓаните, на државата потребен им е вистински претседател кој влева доверба и сигурност, претседател заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе Северна Македонија кон развој и напредок, кон ЕУ и НАТО, а тоа е Стево.

60 пратеници со својот потпис дадоа поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата, а таква можност ќе имаат и граѓаните.

Овојпат граѓаните ќе го изберат вистинскиот претседател на Република Северна Македоија-Стево Пендаровски“, стои во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?