СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Од:

Скопјани четири години секој ден живеат во хаос, преполни контејнери, нечисти улици и јавен превоз во колапс.Главниот град е во заложништво на неспособноста на ДПМНЕ и нивните кавги со Данела Арсовска, вели Јовица Јанковиќ од СДСМ.

– Прашањето е дали ДПМНЕ свесно го остава ѓубрето во Скопје на улица? Очигледно игрите со ЈСП и Комунална хигиена се политички пресметки врз грбот на скопјани. Во Комунална хигиена четири години претседателка на Управниот одбор е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Јулијана Спировска. Сега ДПМНЕ ја наградува со советничко место во општина Бутел. Четири години, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот, претседавач со советот, но четири години водат инает со Арсовска не носат одлуки а сметката за тоа ја плаќаат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ раководи со Управниот одбор на ЈСП но и со сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија во Скопје. Скопјани се жртви на неспособноста и меѓусебни кавги меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска и политичките игри на ВМРО-ДПМНЕ, рече Јанковиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?