СДСМ: Обвинителството да реагира на заканите со фашистички наратив на Левица

Од:
Социјалдемократскиот сојуз ги осудува „опасните повици“ од страна на Левица и бара Обвинителството да реагира, затоа што, според партијата, „нема толеранција за закани со фашистички наратив“.
„На денот кога државата, институциите организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзини претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици.
СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти. Денес, Северна Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет.
Правда доаѓа за сите. Надлежните институции, обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз. СДСМ и новата Влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни.
Во демократска слободна европска држава како што е Северна Македонија нема место за закани,“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?