СДСМ: Обвинителствата треба да се остават независно и професионално да работат

Од:

„Притисоците врз судиите, судство и обвинителства под партиска контрола беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

Навикнато на таквата пракса, антинароднато ВМРО-ДПМНЕ нема демоктатски капацитет да го разбере тоа. Затоа и денеска очајно, на прес конфренеција, се обидува да врши притисоци врз обвинителството и судовите, се заканува кон судии и обвинители.

Во мислите на Мицкоски очигледно е само одбрана на криминалот на Груевски и ништо друго.
Заврши времето на нарачани предмети и пресуди, на монитани судски процеси. Заврши времето кога од белиот дворец некој можеше да му наредува на обвинителството како да постапува. Денес обвинителствата, судовите работат професионално, независно, во служба на законите и во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски бадијала се заканува, притисокот треба да го насочи кон градење на сопствените демократски капацитети и да ги остави обвинителството и судството да ја вршат својата работа професионално.

Република Северна Македонија денес е правна држава и секој за кој низ судска постапка ќе се докажа дека го прекршил законот и за тоа постои и правосилна судска пресуда, ќе сноси соодветна одговорност.

Исклучоци нема и не смее да има“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра