(ВИДЕО) Стоилковски: Кого крие Јовески, зошто не се постапува по пријавата за изборен поткуп

„Кого крие и што крие Републичкиот jавен обвинител, Љубомир Јовески повеќе од пет месеци?Зошто не се постапува во врска со изборниот грабеж? ВМРО-ДПМНЕ има поднесено повеќе кривични пријави во кои само со една се опфатени над 200 лица за изборен криминал, за невозможно брзо гласање? Да потсетиме на рефрендумското изјаснување се гласаше за 2, 4, 5, 7, 9 секунди, што е невозможно, но можеби за Јовески е небитно?”, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, не се постапува ниту по пријавата за изборен поткуп, во која како доказ е поднесено видео на кое што Зоран Заев поттикнуваше и јавно повикуваше на поткуп во изборни цели? Јовески не постапува, иако минаа пет месеци од референдумот, иако сите поднесени кривични пријави се поткрепени со докази.

„Државата повторно се подготвува за избори, а Љубомир Јовески е јавен обвинител кој со месеци не одговара и не постапува по кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, кривични пријави токму поврзани и се однесуваат на изборниот процес.Дали причина за молкот е содржината на нелегално снимените разговори помеѓу обвинителите кои што се под негова команда? Зошто и за оваа истрага се тапка во место и никој не знае кои обвинители се снимени и што содржат нивните разговори?

Пет месеци поминаа по завршувањето на референдумот на 30-ти септември, повеќе од пет месеци минаа од поднесените Кривични пријави од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од пет месеци нема никакво известување од ОЈО, ниту од Јавниот Обвинител, Љубомир Јовески за кривичните пријави! Државата се подготвува за нови избори, а Републичкиот Јавен Обвинител сето тоа го гледа и не реагира. Според Законот, Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој што ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Ама Републичкиот Јавен обвинител, Јовески никаде го нема!”, рече Стоилковски.

Тој додава дека Јовески го нема, како што го нема ниту за многубројните афери како што се крвавите тендери на Филипче, за плацевите на кланот Заеви, за криминалните набавки во четири очи, за Фондот за иновации, буквално за сите криминали кои потоа завршуваат и со мафијашки пресметки со смртни последици? Јовески го нема ниту за кривичната пријава за објавувањето на законот за јазици.

„Јовески е Републички јавен обвинител кој што мора да си замине! Свесно и намерно, Љубомир Јовески со непостапување, прави тешки злоупотреби на службената положба и овластување. Републичкиот Јавен обвинител е обврзан сам да почне да дејствува, дотолку повеќе што се работи за криминогени дејствија за настани од вонредно јавно значење. Јовески е должен да преземе предистражни дејствија за утврдување на околностите за сознанија за кривични дела и тоа е опис и попис на неговата функција. Со негово нестручно и несовесно работење прави свесна злоупотреба на службената должност. Јовески не презема дејства за кои што е задолжен и за што дал заклетва. Помина времето кога Јавниот обвинител можеше да излезе од шинелот на Зоран Заев и да почне да постапува согласно заклетвата. Сега е време да си замине и согласно договореното, да се избере јавен обвинител на предлог на опозицијата”, додаде тој.

Би можело да ве интересира

За пет месеци, девет пати е одложено судењето за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Васко Маглешов

Се чека судбината на СЈО за да почне судењето за белата палата

Васко Маглешов

ВМРО-ДПМНЕ: Павле Богоевски треба да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не е

Половина година не може да почне судењето за Груевски и Божиновски за белата палата

Васко Маглешов

ВМРО-ДПМНЕ демантира: Немавме закажано митинг во Лозово за да го откажеме

СДСМ: Лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ е дека Десковска користела службено возило

Предраг Петровиќ