СДСМ: ОБСЕ самит, Блинкен и Борел, со нас Македонија добива светско признание

Од:

Силна поддршка за продолжување на европскиот пат на државата и пристапните преговори упатија од Скопје највисоките претставници на меѓународната заедница, американскиот државен секретар Антони Блинкен и претседателот на Европската комисија Жосеп Борел. Евроинтеграцијата е процес кој е почнат и нема да застане се до полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ. Нашите граѓани заслужуваат подобра, побогата иднина, подобар животен стандард, заслужуваат идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен порача дека Северна Македонија е силен сојузник и партнер на САД и на сите сојузници во Алијансата и ја повтори силната поддршка за евроатлантската интеграција. Претседателот на Европската комисија Жосеп Борел порача дека местото на Северна Македонија е во ЕУ, а одењето по европскиот пат треба да биде пред и над меѓупартиските превирања и повика на завршување на процесот на усвојување на уставните измени за продолжување на европскиот пат, и напредок за клучните реформи, бидејќи тоа не е нешто што носи корист за една политичка партија, туку за целиот народ. Покрај билатералните посети Блинкен и Борел, учествуваат на 30-тиот Самит на на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ. Скопје денеска и утре е домаќин на најголемиот политички и дипломатски настан што се одржал од осамостојувањето, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 76 делегации од 57 држави, во организација на владата предводена од СДСМ“, велат од партијата.

Со СДСМ Македонија добива светско признание.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски