СДСМ: Обидот на ВМРО-ДПМНЕ да спречи прес конференција повторно не успеа

Од:

„Обидот на ВМРО ДПМНЕ да спречи прес конференција на СДСМ не успеа повторно. Огромна е нервозата и политичката некуктура во ВМРО ДПМНЕ, кога се зборува за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и партискиот имот стекнат во време на режимот“, соопшти СДСМ.

„Политичка некултура манифестирана преку портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски само покажува какви се, и колку во опозициската партија ги боли вистината.

Научени на некои дамнешни мрачни времиња, во ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со попречување на слободата на говор, ќе успеат да ја сокријат вистината, но тоа нема да им успее, како што не успеа ниту досега.

Нервозните реакции и ниската политичка култура не можат да ја сокријат вистината дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија која дејствува на штета на граѓаните и државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски