А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Обезбедивме 5 нови лекови за ретки болести, воведени нови инсулини, квотите за лекови се укинуваат

by А1он17/09/2019 - 09:31156
Share0

„Владата предводена од СДСМ продолжува со креирање и спроведување мерки кои се во интерес на граѓаните и ја унапредуваат здравствената заштита.

Добивај вести на вибер

Привршуваат подготовките на мерката преку која веќе од први октомври, граѓаните ќе ги добиваат потребните лекови во кој било ден од месецот.

Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, конечно го решаваме деценискиот проблем со недостигот на лекови, во интерес на нашите граѓани лековите се препишуваат порационално, контролата е поголема, нема повеке паника метеж и чекање во редици пред аптеките“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Преку одговорни политики воведени се три нови инсулини и набавени дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите, сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, укинат е паралелниот увоз и тие ја имаат најквалитетната терапија.

Се грижиме и за лицата заболени од ретки болести. Како никогаш досега, вложуваме во нови лекови за ретки болести.

За 2 години, обезбедени се 5 нови лекови, а буџетот за ретки болести е зголемен. За споредба, во 2016 година буџетот за оваа намена изнесувал 203 милиони денари, додека оваа година тој е 380 милиони денари, а со ребалансот на буџетот обезбедивме дополнителни 193 милиони денари.

Денес никој не чека лек ниту пак некој е надвор од регистарот.

Ова се само дел од мерките што ја докажуваат грижата за граѓаните и пациенитие. СДСМ како одговорна партија останува посветена на заложбата за унапредување на здравствениот систем и обезбедување квалитетна и ефикасна здравствена заштита за сите граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен