СДСМ: Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери е избран законски од парламентарното мнозинство

Од:

„Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери е избран од парламентарното мнозинство по законски и легитимен пат согласно Деловникот, законите и Уставот и ја има поддршката на меѓународниот фактор. Мнозинската волја на 700.000 граѓани, изразена на кредибилни избори почна да се реализира со изборот на новиот собраниски претседател, а ќе продолжи со форимирање на новата реформска Влада, исто така според Деловникот, Уставот и законите.

Порачуваме дека никој не смее да помисли да ја блокира работата на новоизбраниот претседател на Собранието и формирањето нова Влада, што е тешко противуставно кривично дело, казниво по закон.

Тоа што петти месец поради блокадите од ВМРО-ДПМНЕ не може да се формира новата Влада, се одразува штетно врз стабилноста на државара но и на интересите на граѓаните. Да имаше денес нова Влада, овој 1 мај сите работнци веќе ќе имаа 12.000. денари минимална плата. И тоа е само еден пример што губат граѓаните поради интересите на една мала група на чело со Никола Груевски, којашто се обидува насилно да го спречи трансферот на власта.

Укажуваме дека институциите, вработените во нив, сите граѓани сме дожни да овозможиме да се реализира мнозинска волја. Токму поради тоа што немаше институционална заштита, пратени убијци и тешки криминалци, за малку ќе линчуваа претставници избрани од граѓаните, новинари, вработени во Собранието. Со тоа е направено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, по член 313 од Кривичниот зако ник и ЈО и МВР мора да ја обезбедат правдата, а нарачателите и извршителите да понесат одговорност.

Со разумното однесување, парламентарното мнизинство го пресретна обидот на Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски, Митко Чавков, да предизвикаат меѓуграѓански, меѓуетнички судир, државен удар и создавање основа Иванов да прогласи воена состојба.

Продолжуваме да ги водиме процесите, смирено и мудро. Истовремено на смиреност ги повикуваме и сите граѓани, бидејки немири и насилство одговараат само на Никола Груевски и соработниците кои мислат дека така можат да се спасат од промените што носат правда за сите.

Парламентарното мнозинство ќе ја исполни својата обврска кон граѓаните до крај. Демократските процеси ќе продожат бидејки тоа е иднината на граѓаните за квалитетен живот и тоа е патот на Македонија кон ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски