СДСМ: Новиот Клинички центар е историска инвестиција во здравството

Од:

ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да изгради нов, модерен Клинички центар но не го направи, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо нов клинички центар ВМРО-ДПМНЕ се посвети на криминални тендери и сопоствено богатење. Наместо грижа за граѓаните, Христијан Мицкоски се грижеше само за бизнисите со хидроцентралите што ги доби од владата на Никола Груевски кадешто беше советник.

Ниту збор не прозборе за нов Клинички центар лицемерниот Христијан Мицкоски.

Огромната дупка заградена со лимени тараби сведочи за лагите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе изгради Клинички центар. Токму таа дупка е показател за сето она што ВМРО-ДПМНЕ 11 години го направи во здравството – едно огромно ништо!

За разлика од таквиот неодговорен и несериозен однос кон медицинскиот персонал и здравјето на граѓаните, Владата предводена од СДСМ преку одговорни политики инвестира во ефикасен и модерен здравствен систем“, стои во реакцијата на СДСМ.

Новиот Клинички центар, велат од партијата е историска инвестиција во здравството, Македонија за првпат по 80 години ќе добие нов Клинички центар што трајно ќе ја реши потребата од интегрирани здравствени услуги за граѓаните.

„Досегашниот проект за изградба на Клинички центар на постојната локација не е најдобрата опција за натамошно функционирање бидејќи невозможно е да се потигне добро сообраќајно и паркинг решение, а многу брзо ќе се јави потреба за нови, дополнителни инвестиции за санација на останатите дотраени згради во комплексот. Со тоа, новиот проект за изградба на нов Клинички центар, на долг рок е поветин и поефиксен.

Особено ако се има предвид дека предвидени 140 милиони евра не ги опфаќаа сите клиники“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?