СДСМ: Новата влада засилено ќе ги исполнува стратешките цели на државата, за подобра иднина за сите граѓани

Од:

„Новата влада, предводена од претседателот на СДСМ Зоран Заев има искрена определба и политичка волја за засилено исполнување на статешките цели на државата.

Владата ќе се посвети на успешно и ефикасно справување со светската пандемија со коронавирусот, нова енергија и решителност во создавањето подинамичен економски раст, одржлив развој, силни институции со ред, правда, ефикасна правна држава и владеење на правото, модерно образование, внатрешна кохезија, активно членство во НАТО, силна волја за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавје за членство во Европската унија“, соопштува СДСМ.

„Во претходните три години, во време на решавање на најголемите отворени прашања на надворешен и внатрешен план, покажавме дека можеме да обезбедиме повисок економски раст кој создава нови работни места, паралелно со повисоки плати и пензии.

Имаме план за иновативна, стабилна конкурентна македонска економија, подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој.

Во претстојните години продолжуваме со воведување на европските стандарди дома за трансформација на нашата земја на подобро во сите сфери.

Граѓаните со своите гласови ја потврдија исправноста на патот по кој се движиме напред и сега е време новата Влада да продолжи со воведување на европските стандарди, за подобра иднина за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски