СДСМ: Новата влада во следниот продолжува со политиките кои ја движат државата напред, по европскиот пат

Од:

„Новата влада предводена од СДСМ во следниот четиригодишен мандат продолжува со политиките кои ја движат државата напред, по европскиот пат кој го трасираше изминатите три години.

Пред нас престојат 4 години на напредок, развој и интеграција, период на домашни реформи во кои ќе гледаме како земјата ни се трансформира кон подобро, 4 години во кои како држава многу повеќе ќе добиеме отколку што ќе дадеме.

Историскиот исчекор на земјава напред е силна потврда дека заложбите на Владата предводена СДСМ се вистински и реални, насочени исклучиво кон заштита на интересите на граѓаните, на државата“, велат од СДСМ.

„Напредокот кој го постигнавме за краток период, зеленото светло за започнување на преговорите со ЕУ, отворање на поглавјата за евроинтеграција на земјава се доказ дека сме на правиот, вистинскиот пат.

Затоа е потребно секој од нас да се ангажира и да работи двојно повеќе, за целото општество да добие многу повеќе.

Како одговорна партија, пред граѓаните се обврзавме дека ќе работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите.

Продолжуваме со принципите дека интересите на граѓаните и државата се над се и тоа ќе го покажеме и во новиот, полн четиригодишен мандат“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел