СДСМ: Нова мерка за граѓаните, до 180 илјади денари неповратни средства за жени претприемачи од рурални средини

Од:

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и унапредување и развој на земјоделството, информира СДСМ преку соопштение.

„Обезбедени се средства за финансиска поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Со оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска поддршка за инвестиции кои ќе приоденесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Преку реализација на оваа мерка ќе се поттикнат инвестициите во руралните делови, ќе се придонесе кон родова еднаквост и ќе се обезбедат повеќе пари во земјоделските семејства.

Зборот важи! Остануваме посветени на спроведување на мерките што се во интерес на граѓаните, што го поттикнуваат економскиот раст. Инвестициите и носат повеќе пари во секое семејство.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата