СДСМ: Нов случај на криминал за Скопје 2014, поврзан со најкриминалната партија ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Обвинителството отвори истрага за нов случај на криминал во Скопје 2014 односно со фасадата на Владата, повторно поврзан со најкриминалната партија ВМРО-ДПМНЕ и нивни поранешни функционери велат во соопштение од СДСМ.

– Како што е јавно објавено, приватна компанија со амин на тогашниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата и близок соработник на Никола Груевски изгризувајќи го тендерот за реконструкција на објектот на Владата, остварил материјална корист од близу осум милиони евра. Тоа е истиот Никола Груевски на кој Христијан Мицкоски му бил советник а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај тоа што направил измама и го оштетиле државниот буџет, управителот на фирмата, како што се наведува, прибавил 144.000 евра кои според информациите во јавноста биле за ВМРО-ДПМНЕ. Истото лице купил три недвижни имоти и по далеку пониска цена им ги продавал на ВМРО-ДПМНЕ. Сето тоа во договор со раководството на партијата. Гази Баба, Центар Жупа и Крушево каде што ВМРО-ДПМНЕ се стекнала со недвижен имот за „џабал’к“ се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?