СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Од:

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска потврди дека изградбата на брзата желеница од Србија до Грција во Македонија е дел од договорот со Британија. Ова е уште една потврда дека договорите за распродажба на Македонија преку мигранти за пари се реалност, велат од СДСМ.

– Зошто? Бидејќи кредит од Британија од 6 милијарди е врзан со мигранти, како што објавија сите релевантни британски медиуми. Секој ден нов доказ, секој ден нова потврда, она што СДСМ го зборува се потврдува. Затоа и го направија предавството во Собранието со контра Резолуцијата. Веќе се е јасно, мигрантите ги кријат зад термини како ‘економски работници’. Сценариото е избори, па мигранти за пари. На ова предавство на Македонија, на овие криминални политики граѓаните ќе им стават крај. Борбата започна и нема да престане. Сите ќе одговарате, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО