СДСМ: Ниското ниво на политичка култура го покажува стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Ковачевски и неговиот тим

Од:

Ниското ниво на политичка култура и комуникација на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека оваа партија предводена од Христијан Мицкоски нема намера да се промени. Очигледен е стравот во белиот дворец од претседателот Димитар Ковачевски и новото раководство на СДСМ се вели во реакцијата од СДСМ на прес конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

-Додека СДСМ се менува постојано за уште подобро да им служи на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во режимската матрица. СДСМ се реорганизира и ќе продолжи да се демократизира и да создава и поддржува нови кадри, да се потпира и вклучува луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста. Тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ, таму нема никаква промена, најавуваат „нова доктрина“ со стари добро познати имиња кои 11 години државата ја држеа заробена, поделена и изолирана. Антонио Милошоски, Илија Димовски, Зоран Ставревски не можат да понудат ништо ново, ништо добро за граѓаните, тие се дел од режимот кој 11 години ги малтретираше граѓаните. Дури и самиот Мицкоски беше дел од режимот како десна рака на Никола Груевски, менторот кој го инсталираше во фотелјата во Белиот дворец. ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да се менува, тоа е партијата која по секоја цена продолжува да работи против интересите на граѓаните, против интересите на државата, се вели во реакцијата од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион