СДСМ: Никој не се плаши од Тошковски, да има малку доблест ќе си поднесе оставка

Од:

Смешни се Тошковски и Мицкоски кои велат дека министерот бил напаѓан од СДСМ заради тоа што СДСМ се плаши од него.

Од Тошковски не само што не се плаши СДСМ, туку не се плашат ниту криминалците по улиците. Затоа имаме секојдневни грабежи и убиства кои Тошковски не може да ги расчисти. Затоа имаме граница со Косово која е Хотел Промаја за криминалци кои се бараат со меѓународна потерница и се шетаат преку неа со поддршка на кадри поставени од Тошковски.

Тошковски за шест месеци има 8 убиства и обиди за убиства од кои има разрешено само едно. За шест месеци Тошковски ја претвори државата во Див Запад, а граѓаните се плашат за својата безбедност.

Македонија немала полош мнистер за внатрешни работи а тоа го потврдуваат бројките и општата нарушена безбедносна состојба во државата. За прв пат од независноста, МВР и еден министер немаат никаква контрола над северната граница која е препуштена да ја управуваат и злоупотребуваат партиски кадри на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа СДСМ го обвинува Тошковски, затоа што тој и неговата неспособност се закана за безбедноста на државата. Да има малку доблест веднаш ќе си поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?