СДСМ: Никој не им верува на криминалните структури во врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ нема одговор на денешната прес конференција на СДСМ, одржана од претседателот на Комисијата за образование.

Фатена како врши политички притиск врз вработените во образованието и како се обидува да спроведе различни форми на предизборна корупција ВМРО-ДПМНЕ раскажува приказни во коишто ни самата не верува.

ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори зошто ги собира вработените во образованието по општинските организации? Информациите говорат за повеќе вакви случаи во Битола, Скопје но и во други градови.

Зошто не ги објавува „резултатите“ од омилено екстерно тестирање за ВМРО-ДПМНЕ?

Кого ВМРО-ДПМНЕ лаже со некакви проекти за младите кога 626.312 илјади граѓани ја напуштиле Македонија, пред се, млади и образовани луѓе, поради невработеност и сиромаштија.

Не може ниту да се наброи што се расипа ВМРО-ДПМНЕ во образованието.

По 10 години уништување на образованието со лоши политики и закони, по фрлени милиони евра за непотребни проекти, експерименти, корупцијата со печатење на учебници, предизвикан стрес кај учениците со несоодветни екстерни тестирања ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот проблем за образованието.

Никола Груевски потоши 630 милиони евра за споменици и виртуелни проекти кои освен со корупција немаат врска со квалитетот на образовниот процес.

Владата на Никола Груевски ги навредуваше наставниците, ги понижи професорите на универзитетот, ги омаловажи студентите и средношколците

Доста беше!

Џабе ВМРО-ДПМНЕ блефира со некакви виртуелни „големи“ проекти откако го уништи образованието.

Никој не им верува на криминалните структури во врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту студентите, ниту професорите што ВМРО-ДПМНЕ ги излажа дека заедно ќе направат закон за високо образование. Ниту наставниците коишто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги држи во заложништво со екстерното тестирање и академијата за наставници, ниту средношпколците, коишто ги понижи.

Од криминалната структура во заминување граѓаните очекуваат само одговорност за тоа што им украдоа 10 години од животот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници