СДСМ: Никогаш да не се повтори 27 април, гласот за Сиљановска е глас за насилството и насилниците

Од:

На денешен ден пред двe години се случи најцрниот чин во историјата на демократијата кога насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници и новинари, вели СДСМ во соопштение до јавноста.

Дури и по цена на убиство на пратеници и граѓанска војна, режимот на ВМРО-ДПМНЕ одбиваше да дозволи мирен трансфер на власта.

Атмосферата на национализам, насилство и линч што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ја спрoведуваше резултираше со терористичко загрозување на безбедноста, за што веќе има и правосилни судски пресуди.

На овие избори, гласот за Сиљановска е глас за насилството и насилниците од 27 април, гласот за Сиљановска е глас враќање на темното време на репресивниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните нема да дозволат да се врати режимот на Груевски, туку дополнително ќе ја потврдат предноста на Стево Пендаровски, идниот претседател на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?