СДСМ: Портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски, Митева и Арсовски предложени за членови на управни одбори во ЈСП и во „Водовод и канализација“-Скопје

Од:

Данела Арсовска градоначалничката на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ тргнува во груба партизација на јавните установи и Јавните претпријатија под надлежност на Градот рече на прес конференција советникот од СДСМ во Град Скопје Мартин Попов.

„Независната“ Данела Арсовска предлага поставување лица на режимот на клучни позиции. Јелена Жугиќ, која со години беше дел од режимот и која бараше кон граѓаните да се пука со гумени куршуми, е предложена за член на Јавната установа Младински културен центар.За нови членови на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација Скопје се предложени портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски и Марија Митева. Третиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски е предложен за член на Управниот одбор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Арсовска секојдневно покажува дека освен партизација на институциите, освен блокирање важни проекти за скопјани, ништо друго нема намера да работи. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето рече Попов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“