СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги чинеше граѓаните дополнителни 190 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

Од:

„Неодоговорно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за патишта бидејќи токму таа партија остави пустош во инфраструктурата и пропусти на автопати кои граѓаните и државата се уште го исплаќаат.

Таков е случајот со изградба на автопатот Кичево – Охрид, проект кој беше целосно погрешен и потребно беше време да се исправат грешките, за да биде безбеден и сигурен за сообраќај.

Лошото планирање и проектирање зборува за нестручноста на ВМРО ДПМНЕ, за што дополнително овој автопат чини околу 190 милиони евра, пари на граѓаните.

Во спротивно, доколку претходно биле направени темелни истражувања на трасата и на проекот, автопатот до сега ќе беше готов и ќе не чинише помалку пари.

Неспособното ВМРО –ДПМНЕ проектираше автопат без клучки за излез од него, без алтернативни патишта, со несоодветни материјали за заштита и потпора при ископ, без проект за звучни бариери, потпорни зидови, заштитна ограда и плочести пропусти на цела траса,со нестабилност на косините .

Истовремено потребно беше да се направи и дислокација на далеководи, телефонски кабли, водоводни инсталации како и на индивидуални станбени и стопански објекти кои се сечат со трасата на автопатот.

Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ, неспособност, криминал, расипништво, провизии и договорени тендери за лично богатење на поединци.

СДСМ како одговорна партија, донесе одлука да се изгради овој автопат по стандарди како што налага градежништвото заради безбедноста и сигурноста во сообраќај на граѓаните и економски развој на нашата држава.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски можат да учат како се гради по план, по далеку пониски цени и на многу поефикасен начин“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он