СДСМ: Неспособност, Мицкоски најавуваше дека за ден или два ќе се справат со пожарите а тие се проширија

Од:

Состојбата со пожарите во државата е алармантна и не е под контрола. Се потврдува неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со пожарите. Премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека за еден ден или два ситуацијата со пожарите ќе биде целосно ставена под контрола, велат од СДСМ.

– Поминаа денови а пожарите наместо под целосна контрола како што најавуваше Мицкоски се проширија. Фактите говорат дека Владата на Мицкоски задоцни во првичната реакција, дозволија да изгорат 1.000 хектари и целосно потфрли во справување со пожарите, за што одговорност мора да има. Наместо фрлање лопати, давање изјави со празен ПР, за справување со пожарите е потребна навремена реакција, брза интервенција на терен, добра координација, работа и посветеност. Изминатите години СДСМ успешно ги менаџираше пожарите секое лето без да се загрози ниту една куќа. Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери оспособени за гасење пожари, набени беа ведро и симплекс резервоар. Во континуитет се одржуваше нивното високо техничко ниво, навремено беа ремонтирани и модренизирани. За катастрофланото справување со пожарите мора да има одговорност, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски