СДСМ: Неодговорност на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и лошо менаџирање со Лајка, вработените со месеци немаат земено плата

Од:

Неодговорноста и лошото менаџирање со јавните претпријатија на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска во Скопје, во изминатите неколку месеци, излегоа на виделина. Додека Арсовска троши 670 илјади евра за партиски вработувања, во ЈП „Лајка“ вработените со месеци немаат земено плата рече на прес конференција Лилјана Божниновска совтеничката на СДСМ во Град Скопје.


Нема соодветни набавки на храна и медицински материјал кои веќе недостасуваат.

– Под знак прашање е функционирањето на Лајка.Работата на Лајка е клучна за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња а со овој начин на лошо управување тоа е загрозено. Проектот со кој Лајка ја доби својата вистинска функција е проект на претходниот градоначлник, Петре Шилегов.Лајка не само што доби нов концепт и систем на работа, туку целосно нов, модерен објект, станционар по сите светски и европски стандарди. Со недомаќинско работење и лошо менаџирање за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со Вардариште, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот. Како советеници на СДСМ во Советот на Град Скопје бараме од Арсвовска веднаш да ги исплати сите заостанати плати на вработените во Лајка, да се набави храна и медицински материјал и да се обезбеди нормално функционирање на стационарот вели Божиновск.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски