СДСМ: Нема спас за Груевски од регуларни избори по кои се ќе се дознае па и за Диво Насеље

Од:

На Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ниту телевизија Сител, ниту сите медиумите под контрола на купче повеќе не можат да им помогнат во нарачаните манипулациии со коишто неуспешно се обидуваат да го покријат фактот дека шверцерски ги намалија ингеренциите за министерот за внатрешни работи, за да спречат договор и фер и регуларни избори.

Во Македонија ќе има само фер и регуларни избори на коишто оваа криминално – корупциска власт на Никола Груевски ќе биде испратена во историјата.

На таквите регуларни избори ќе биде избрана одговорна Влада предводена од СДСМ којашто ќе работи во интерес на граѓаните, а сите кои работеле противзаконски ќе одговараат.

Тогаш ќе стане јасно и чие дело е на пример ужасниот инцидент во Диво Насеље што се случи на 9 мај лани и зошто Владата на Груевски не ја спречила терористичко–криминалната група, бидејќи јавноста слушна дека нејзини високи функционери имале и информации, а по сé изгледа и контакти со неа, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените