СДСМ: Нема простор за згради во Лисиче, Муцунски да го повлече спорниот ДУП

Од:

Нема простор за згради во Лисиче! Ова е ставот на нашите сограѓани од насеба Лисиче, во врска со коригираниот предлог Детален урбанистички план за градска четврт ЈИ 09, блок 09.01. Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги излажаа граѓаните. Очигледно Муцунски нема намера да се откаже од намерата за изградба на највисоката висококатница, за која е предвидено да брои 12 ката, односно приземје, 10 ката и поткровје рече на прес конференција Милутин Ристески, координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Аеродром.

– Токму под оваа предвидена 12-катница поминува и гасоводна цевка со пречник Фи 426 милиметри, што претставува реална пречка не само за градење, туку и за планирање на нови градби во оддалеченост од најмалку 30 метри лево и десно од гасоводната цевка. Третата јавна анкета за новиот предлог-ДУП за Лисиче е во тек и ќе трае до среда 16 август. Јавната презентација за овој ДУП ќе се одржи во вторник, на 15 август, во просториите на ОУ „Димитар Македонски“ со почеток во 17 часот.Закажувањето на нова јавна анкета во време на летните одмори со надеж дека така ќе привлече помало внимание е уште еден обид „на мала врата“ да се протурка бетонизација на една од најубавите скопски населби, на директна штета на здравјето и комодитетот на граѓаните вели Ристески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби