А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Нема никаква афера за местење тендер од страна на Рашковски

by А1он29/06/2019 - 17:23422
Share0

„Денеска од белиот дворец, од тој симбол на криминaл и корупција, се јави нарачателот на лажните вести. Очајна е ВМРО-ДПМНЕ, вистината експресно ги порази кујните на нивните медиумски курири кои штанцаат лажни вести.“, реагира СДСМ преку соопштение.

Добивај вести на вибер

„ВМРО ДПМНЕ оди дотаму што шурува и прави лажни конструкции со луѓе кои биле спремни да го загрозат животот на граѓаните.

Фактите кои веќе се јавно достапни потврдуваат дека нема никаква афера за местење тендер од страна на генералниот секретар на Владата, тоа е уште една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ која е поразена од висината.

Дури ниту во снимениот разговор, кој очигледно намерно не е објавен во целост, не се зборува за манипулации со тендерска постапка.

Тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени уште во 2016 година. Договорот за набавка на нов радарски систем, некој свесно го опструирал, загрозувајќи го животот на граѓаните и безбедноста на нашето небо, за што докази се доставени во надлежна инстритуција.

Со оглед на тоа дека опремата е неопходна за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, по налог на Владата е свикан состанок за утврдување на динамика за испорака.

Тоа што некој сакал да предизвика инцидент и загрозивање на човечките животи на небото е неважно за ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ е истата, мрачна, деструктивна, лажна, режимска партија управувана од истиот Никола Груевски кој не и мисли добро ниту на државата ниту на граѓаните.

Што се однесува за елементарната јазична писменост ги упатуваме од ВМРО-ДПМНЕ да научат дека „Letter of award“ не значи писмо за награда туку писмена потврда за доделување договор од страна на клиент, сопственик или раководител во кој се наведува вредноста на доделениот договор, датумот и времето на потпишување.“, се вели во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен