СДСМ Неготино: Буџетот подеднакво да биде распределен на сите граѓани!

Од:

„Денешната прес-конференција ја свикавме  со една и единствена цел. Да се разобличат лагите и манипулциите  на ВМРО ДПМНЕ. Да се разобличат  гнасните лаги дека со Планот за  буџетско штедење предложен од СДСМ и со амандманските решенија за подобрување на буџетот на Република Македонија, кои се во интересн на граѓаните на Република Македонија, нема да се исплаќаат плати, нема да се покачат пензиите , нема да има пари за корисниците на социјална помош, нема да се исплатат субвенциите на земјоделците.

Оваа гнасна лага и манипулација сакаме до крај  да ја разобличиме.

И да не се донесе Буџетот на Република Македонија до 31.12 оваа година да се помине на времено финансирање  до 31 Март 2013 година ќе се исплаќаат, повторувам уште еднаш ќе се исплаќаат редовно и платите на Јавната администрација, ќе се покачат пензиите, ќе се исплаќаат навреме и корисниците на социјална  помош а исто така што е најважно во нашиот регион ќе има пари да се исплатат субвенциите на земјоделците.

Нема да има пари само за крадење! Нема да има пари за луксузот на Груевски и фамилијата. Нема да има пари од граѓаните кои бездушно и аздисано ќе се трошат на лудничави работи како што се жални врби, палми, барокни фасади, споменици и уште стотина глупости само на два квадртни километри во Скопје.

Скопје не е Македонија. Буџетот на Република Македонија треба подеднакво да биде распределен на сите граѓани на Република Македонија без разлика дали се од Скопје, Штип, Виница или Неготино.

СДСМ е одговорна партија која ги штити и секогаш ќе се грижи за сите граѓани на Република Македонија. Македонија повеќе нема да се задолжува со скапи кредити кои завршуваат во џебовите на Груевски и фамилијата, кредити кои ќе треба да ги враќаат многу бргу, сите граѓани на Република Македонија и нашите идни поколенија“, изјави Васко Стефанов, претседател на ОО СДСМ Неготино.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност