СДСМ: Не може ВМРО-ДПМНЕ да им вети перспектива на младите во Македонија, зашто нема

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ја призна реалноста – младите луѓе ја чекаат првата прилика да избегаат од Македонија. Тоа ја потврди потребата на ВМРО-ДПМНЕ да ги убедува учениците да останат во Македонија.

Нема што да им кажат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на младите. Да им ветат дека имаат перспектива во Македонија, не можат, зашто нема.

Да им ветат вработувања, не можат, зашто нема. Да им ветат дека нема да ги ставаат на експерименти како екстерните тестирања, не можат, Груевски одлучува.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кој вечерал за 100 евра во Германија можеше само да ги теши средношколците дека 100 евра во Германија и во Македонија не биле исто.

Да, не се исто.

180.000 луѓе во Македонија живеат со по 40 денари на ден.

Тие не ни виделе 100 евра. Ете затоа над 200.000 млади луѓе во последниве неколку години ја напуштија Македонија.

Но партијата на Груевски не сака да сфати дека нивните политики се директно виновни за тоа“, се вели во реакцијата на писмената реакција на СДСМ на изјавата на А.Николовски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната