СДСМ: Не е точно дека ќе се гради зграда во паркот во Ѓорче Петров

Од:

Синдромот на ширење лажни вести и измислици, освен на централно, го зафати ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво. Не е точно дека во паркот во Ѓорче Петров ќе се гради зграда како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Вистината е дека на локацијата за која лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ веќе се започнати градежни работи за изградба на корзото во Ѓорче Петров, проект најавен и во програмата на градоначалникот Александар Наумоски.

Како што соопшти и Општина Ѓорче Петров, на локација од околу 6.500 квадратни метри започнува изградбата на корзото, со што Ѓорче Петров ќе добие вистинско градско јадро уредено со плочник, амфитеатар, кафетерии, киосци и придружна урбана опрема.

На тој начин не само што нема да се уништува зеленилото како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, туку и дополнително ќе се унапреди и заштити.

ВМРО-ДПМНЕ 12 години ја предводеше локална власт во Ѓорче Петров и не само што не направи ништо добро за граѓаните, туку зад себе остави долгови и урнисана, заборавена општина.

Денес како опозиција ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Ѓорче Петров е отворена општина која работи во интерес на граѓаните.

Покрај започната изградба на корзото, во моментов се реализираат низа клучни мерки од програмата како што е кружниот тек во Волково, поставување колектор за атмосферска канализација во Дексион, проширување на паркинзи, реновирање градински и реконструкција на неколку улици истовремено.

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Наумоски остануваат посветени на реализација на проектите кои се во интерес на граѓаните и ја развиваат Општина Ѓорче Петров како модерна, отворена општина.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он