СДСМ: Не е до чергата, до приоритетите е, ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за работниците

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во својата прогама ветуваше дека во првите 100 дена ќе ја покачи минималната плата на 450 евра. Ова ветување им беше измислено за да ги залаже работниците дека ќе продолжи една од политиките на СДСМ за кои недвосмислено сите даваа поддршка – покачувањето на платите велат од СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ воопшто не планира да владее преку поддршка на работниците и покачување на платите. Тие ќе продолжат онаму каде што застана во 2016, а тоа се политиките во интерес на крупниот капитал. За потсетување, во 2016 ВМРО-ДПМНЕ го држеше минималецот на околу 8000 денари и тогаш беа потребни четири минимални плати за да се обезбеди основната потрошувачка кошничка. Изјавата на Мицкоски дека требало да ги пуштиме нозете колку што ни е чергата е навреда и потценување на работниците. Јасно е дека не е до чергата, не е до кондицијата на буџетот, туку е до приоритетите, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски