СДСМ: Народ тоне во сиромаштија, тоа е реалноста

Од:

СДСМ реагира на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија ја намалува невработеноста и дека се отвораат нови работни места.

„Партијата на Никола Груевски заборава дека цели 8 години е на власт. Ако состојбите се како што се тврди, зошто бројот и податоците за сиромашни граѓани се крие изминативе 2 години? ВМРО ДПМНЕ, точно знае дека бројот на сиромашни секојдневно расте поради штетните економски политики на Владата на Груевски, условите за живот се влошуваат, стандардот опаѓа. Последните официјални податоци од 2011 говорат за дури 56,9 отсто гладни граѓани! И тогаш и сега на власт е ВМРО ДПМНЕ. Народ тоне во сиромаштија.Тоа е реалноста“ – велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ претходно во соопштение се пофали дека во време на светска и европска економска криза, во Македонија се зголемуваат пензиите, платите, социјалната помош и животниот стандард.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он