СДСМ: Нарачаните, лажни анкети не можат да ги прикријат поразите на Никола Груевски

Од:

Откако своите капитулации не успеа да ги покрие со нарачани манипулации на медиумските курири Груевски си нарача нова лажна анкета. Граѓаните го спречија планот на Никола Груевски да се спаси преку аболиција од Ѓорге Иванов. Правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара, велат од СДСМ.
 
„Се спречи и одржувањето на уште едни криминални избори на 5-ти јуни. Како што вети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Македонија ќе има само слободни, фер и регулатни избори.

Ниту една нарачана, лажна анкета не може да му помогне на Никола Груевски. Македонија е на нозе. Граѓаните ширум земјава се кренаа против криминалната власт на Никола Груевски.
 
Или Груевски или Македонија.
 
Оттука, сите релевантни истражувања на јавното мислење, сите реални анкети, покажуваат дека СДСМ е прворангирана политичка партија во земјава.
 
Поддршката за СДСМ и лидерот на демократска Македонија, претседателот Зоран Заев е се поголема и постојано расте. 
 
Колку и да му се потребни овие лажни, начарани анкети на Никола Груевск, тој се уште не може да се охрабри и упорно бега од слободни, фер, демократски и регуларни избори.
 
Граѓаните бараат промени, Македонија бара промени и промените ќе се случат на следните слободни, фер, регуларни и демократски избори“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мора да има одговорност за починатото бебе на Детската клиника

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Лажно и манипулативно е тврдењето на СДСМ дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски