СДСМ: Напредокот кон НАТО продолжува, 19 земји членки го ратификуваа Протоколот

Од:

„Продолжува напредокот кон полноправно членство во НАТО алијансата.

Унгарскиот парламент едногласно со 153 гласа „ЗА“ го ратификуваше Протоколот за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз НАТО.

Досега 19 од 29 држави го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на Северна Македонија во НАТО Алијансата.

Темпото со кое државите-членки го ратификуваат Протоколот потврдува дека наскоро нашата држава станува 30 земја членка на НАТО.

Се остварува децениски национален и државен интерес.

Приклучувањето во НАТО покрај безбедноста и сигурноста, носи и економски придобивки, повеќе странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард.

Како државотворна и одговорна партија остануваме посветени на остварување на врвните национални и стратешки интереси како што е интеграцијата во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он