СДСМ: Најпозитивен извештај од ЕК за напредокот и безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ како потврда за успешност на реформите

Од:

„Напредокот во реформите, решавањето на децениските прашања, лидерството, домаќинското и одговорно работење, се препознаени и вреднувани од Европската комисија.

Република Северна Македонија го доби најпозитивниот Извештај од Европската комисија за напредокот на државата во процесот на интеграција во Е и се посочува како „светол пример“

Чистата и безусловна препорака од страна на ЕК за почеток на пристапните преговори е признание за реформите, за историските и храбри чекори на Владата предводена од СДСМ кои обезбедија помирување и партнерство со соседите, вистински и реални реформи кои носат добро за граѓаните и обезбедуваат фер општество за сите.

Преку единство, домаќинско и одговорно работење државата е на вистински пат, Република Северна Македонија продолжува напред.

Најпозитивниот Извештај и безусловната препорака за почеток на преговорите се доказ за успешните процеси, но и дополнителен мотив сите капацитети да се стават во функција на реализација на интеграцијата во ЕУ, што е децениски национален и државен интерес“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он