СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

Од:

Максим Димитриевски за една година си ги погази сите изборни ветувања и целосно се потчини на Мицкоски. Без срам и трошка морал, Димитриевски денес кажа дека ој и ЗНАМ останувале коректор на власта. Ова е вицот на годината. Не само што не се никаков коректор на власта, туку се безгласна буква во коалицијата каде освен што си поделија функции ништо друго не сработеа во Владата цела година, велат од СДСМ.

„Димитриевски ветуваш правда, но молчи и ведне глава пред криминалот кој го прават неговите коалициски партнери од ВЛЕН, Меџити и Ганиу. Човекот кој ја градеше кариерата како силен борец против ДУИ, сега ведне глава пред ВЛЕН. Каде е тука коригирањето? Димитриевски ветуваше чесно работење, но си спечали 300.000 евра преку криминални продажби и препродажби на земјиште. Толку беше и од тоа ветување.

Лажниот патриот Димитриевски се чукаше во гради дека нема да прифати внесување на бугарите во уставот, дека без одложено дејство на уставните измени нема да гласа, за денес да настапи со измислени барања за наводна гаранција за македонскиот јазик како услов за ЕУ интеграција. Џабе Максим продаваше патриотизам на бугарските телевизии и всушност тој и нема став. Ставот ќе му биде оној кој ќе му каже Мицкоски.

Ветуваше реформи во правосудниот систем, а единствениот негов министер нема сработено ништо цела година, нема реформи во судскиот систем, нема правда.

Цела година Димитриевски удобно ја преседе во својата фотелја и не реализираше ниедно ветување. Затоа неговите нови четири години како претседател на ЗНАМ ќе значат само уште четири години лични придобивки и климање со главата пред Мицкоски. Се потврдија сите тези на СДСМ дека Димитриевски од самиот почеток е тројански коњ на ДПМНЕ и ништо повеќе од тоа, тврдат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион