СДСМ: Најдобриот градоначалник му служи на народот и одлучува заедно со него, тоа е најдоброто за секоја општина

Од:

„Комуникацијата со граѓаните и решавањето на проблемите на граѓаните во општините ширум државата остануваат еден од главните приоритети на СДСМ. За таа цел, како одговорна социјалдемократска партија, ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, како и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на градоначалникот“, соопштува СДСМ.

„Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да постојат посредници ниту бариери. Само директната, редовна и двострана комуникација создава систем за експресно реагирање на проблемите во општината, за правилно долгорочно планирање, но и за развој на општината во правец кој вие го одлучувате на овие избори.

Системот ќе ги прифаќа и обработува иницијативите што ќе пристигнуваат од граѓаните, при што општините ќе имаат обврска да одговорат на граѓанските иницијативи во рок од 10 дена.

Учеството на граѓаните во управувањето со општината повеќе нема да се сведува на гласање еднаш во четири години, туку преку комуникација со градоначалникот и пријава на иницијативи кои ќе овозможат да се изгради вистински партнерски однос.

Сите кандидати за градоначалници на СДСМ се луѓе од доверба, искрени, чесни, домаќини. Блиски до граѓаните, постојано на терен, лесно достапни, имаат слух за потребите и сугестиите на граѓаните.

Ги повикуваме граѓаните да направат споредба и разлика. Дали ќе изберат кандидат со конкретен план со решенија или кандидат кој не е запознаен со проблемите, кој не знае да раководи со општината.

Граѓаните на овие локални избори имаат можност да ја изберат најдобрата понуда за своето семејство, за својата општина“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ